Која е Уша Венс, втората дама на Америка

Родителите ѝ се од Индија, родена е во Сан Диего, завршила историја на Јеил, па студирала на Кембриџ и потоа докторирала право на Јеил


 

Уша Венс е правник со диплома од Јеил, а сите овие години беше „карпата“ на која се потпираше Џеј Ди Венс додека ја градеше кариерата. Иако не е љубител на медиумското внимание, нејзиниот живот сега ќе се сврти за 180 степени.

Адвокатката, која нормално не сака да се појавува пред камери, „стисна заби“ и застана покрај сопругот на инаугурацијата во понеделникот. Уша Венс стана втора дама на Америка, што ја прави најмладата втора дама по претседателот Труман. Инаку, мистериозна и ориентирана кон семејството, ќе мора да се навикне на центарот на вниманието, но и на зголемениот интерес за нејзиниот живот.

Нејзиниот сопруг Џеј Ди Венс еднаш ја опиша како „генетска аномалија“.

Уша Венс (моминско презиме Чилукури) е родена и израсната во работничко предградие на Сан Диего, Калифорнија, откако нејзините родители се преселиле во САД од Андра Прадеш, Индија.

Исто како и партнерката на Илон Маск, таа студирала на Универзитетот Јеил, каде што дипломирала историја. Подоцна добила стипендија за Кембриџ и се стекнала со диплома по рана модерна историја. Потоа на Јеил докторирала право и стана позната по освојувањето на бројни случаи поврзани со прашањата на мигрантите, правата на жените и слободата на медиумите.

Во розев капут на инаугурацијата

„Таа беше одлична студентка, најдобра во класот на нашиот Правен факултет. Понекогаш, кога студентите се такви, и тие, знаете, сакаат да ја задржат предноста пред другите студенти, но таа беше некој што секогаш ги споделуваше своите белешки од предавањата. „Тие беа совршено организирани, знаете, означени со бои“, изјави извор за Би-Би-Си.

Со текот на годините, нејзините мислења често се разликуваа од позициите што ги поддржуваше нејзиниот сопруг и Доналд Трамп, пренесува Тпортал.

Пред една деценија, таа беше регистриран демократ, а до минатото лето, адвокат во фирмата во Сан Франциско Munger Tolles & Olson, која може да се пофали со репутација на „радикален прогресивец“, но нејзината биографија вклучува и соработка со судијата на Врховниот суд Брет Кавано, но и со главниот судија на Врховниот суд, Џон Робертс, за кои се знае дека се столбови на конзервативното мнозинство на највисокиот суд.