Која е Казанџи холдинг, групацијата која сака да инвестира милијарда евра во енергетиката

Но, која е оваа компанија, која за македонската јавност, барем до сега е релативно непозната?
Казанџи холдинг е холдинг компанија со седиште во Турција, основана е во 1950-тите, и е една од најголемите енергетски групации во оваа земја. Покрај енергетскиот сектор, компаниите од групацијата, кои работат во областите на земјоделството и туризмот, беа споени под капата на Казанџи Холдинг во 1994 година. Претседател на Управниот одбор на холдингот, со седиште во Каваџик, Бејкоз, е Џемил Казанџи.
Казанџи холдинг влезе во енергетскиот сектор во 1968 година со фабриката за електрични мотори Watt. Холдингот започна да произведува генератори во 1980-тите, а во своите области на активност ги додаде пуштањето во употреба на електраната и производството на електрична енергија во 1990-тите, дистрибуцијата на природен гас во раните 2000-ти, и дистрибуцијата и продажбата на електрична енергија во 2010 година. Групацијата продолжува со своите инвестиции и операции и во областите на земјоделството и туризмот покрај енергетиката.
Во истражувањето на Fortune 500 за 2023 година, кое вклучува 500 најголеми компании во Турција, Акса енерџи е рангирана на 31 место, Акса природен гас на 39 место, Акса електрична енергија на 130 место, Акса Чорух продажба на електрична енергија на мало на 194 место, Акса Фират малопродажба на електрична енергија на 194 место, Акса Фират малопродажба на електрична енергија, кои се филијали на Казанџи холдинг.
Од 2023 година, Казанџи холдинг производството го спроведува со своите повеќе од 10.000 вработени на четири континенти. Холдингот, кој врши продажба во 178 земји, работи во 25 земји.
Акса енерџи, произведува електрична енергија со повеќе од 2.700 MW инсталирана моќност низ целиот свет и има инвестиции во електрани во Турција, Северен Кипар, Гана, Мали, Мадагаскар, Конго, Узбекистан како и Казахстан од 2023 година. 25 земји. Компанијата врши продажба и во 178 земји.
Магазинот Форбс во претставувањето на најбогатите луѓе во Турција за 2024 година го рангираше Шабан Џемил Казанџи на второто место на листата најбогати, со проценето богатство од 3,2 милијарди долари.

Како што наведува магазинот, Џемил Казанџи ја започнал својата кариера раководејќи се со семејниот бизнис во производството на генератори. Тој подоцна одигра клучна улога во основањето на Акса Енерџи во 1997 година, која стана еден од најголемите производители на енергија во Турција. Казанџи служи како извршен директор и претседател на Казанџи холдинг, како и има лидерски улоги во компаниите од групата.
На официјалната страница на компманијата се наведува дека позиционирана пред своите конкуренти благодарение на својата експертиза и компетентноста за интегрирана услуга во енергетската индустрија, Групацијата има за цел да расте во секторот преку долгорочен стратешки фокус и да ја задржи својата водечка позиција.
Групацијата континуирано ја зголемува трајната додадена вредност што ја создава за турската економија со своите инвестиции во секторите земјоделство и туризам, покрај енергетиката, како и девизниот готовински тек и можностите за вработување што ги создава.
„Денес, Казанџи холдинг е глобална сила со производствени капацитети на 4 континенти, повеќе од 10.000 вработени и операции во 22 земји, извезувајќи стоки во 178 земји низ светот.
Подружниците на Холдингот се меѓу водечките компании во нивните области поради достигнувањата што ги постигнаа, се вели во информацијата на официјалната иинтернет страница на компанијата.