Кој има повеќе имот – Левица или ВМРО-ДПМНЕ?

Осум милиои евра за партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ и 102 или просториите на Левица од 250.000 евра


 

Остра дебата се водеше на денешните пратенички прашања меѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, и премиерот Христијан Мицкоски, која од прашање за приватната агенција која ја обезбедувала дискотеката „Пулс“ во Кочани заврши во расправа за тоа која партија колкав имот има.

Апасиев зборуваше за агенцијата „Рубикон“ чиј вистински соптвеник е Александар Нацев, директорски кадар од времето на Никола Груевски, за кој неодамна на прес-конференција Мицкоски изјави дека не го познава. Апасиев на говорницата извади дузина фотографии на кои Нацев е со врвни мвровски личности, а и со Мицкоски. И го праша премиерот дали ќе остане на зборот дека ќе си поднесе оставка ако се докажала поврзаноста на агенцијата на Нацев со ВМРО-ДПМНЕ. Апасиев презентираше податоци за ангажирањето на „Рубикон“ во многу општински институции каде градоначалници се од ВМРО-ДПМНЕ.

Оквалификувајќи ги зборовите на Апасиев како лаги, Мицкоски не одговори на прашањата, туку ги извади наочарите да чита од документи што ги држеше в рака за тоа какви трансакции се вршеле во Левица, кои наводно биле добиени од свиркачи.

Мицкоски на собраниската говорница прочита извадок од записник во кој, наводно, Апасиев информира партиски членови за купувањето на објектот на поранешниот хотел „Опера хаус“ во Скопје за 250.000 евра, оти се работи за четири нивоа и дека два–три месеци се преговарало со Унибанка.

Потоа кажа дека свиркач до нив доставил список на стотици трансакции на пари префрлани од Левица на трансакциска сметка на Апасиев и на пратеникот и кандидат за градоначалник Амар Мециновиќ. И споменуваше суми – 20.000, 30.000 денари…

Во дополнителното прашање Апасиев рече дека Мицкоски е единствен премиер во Европа кој не одговара прашања на пратеници, туку поставува прашања до нив. Зборувајќи за скапите часовници што ги има Мицкоски, Апасиев потврди дека го купиле имотот на партијата со хипотека и потоа прочита бројка од список од 102 имоти на ВМРО-ДПМНЕ и дека партиското седиште вреди 8 милиони евра. Потoа споменуваше стан во Виена, викинедичка на море во Хрватска, маички до 700 евра, фирми во Белград,кои се однесуваа на премиерот. И го покани премиерот да дошол во седиштето на Левица „да испиеме кафе. Убаво го средивме. Јас кај вас сум бил“.