Кој градоначалник во регионот зема најголема плата?

Градоначалниците на главните градови во поранешните југословенски држави не може да се пожалат на лоши плати затоа што сите земаат над 1.300 евра.
Според податоците кои ги објави „Н1“, на врвот на листата се наоѓа градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, кој зема месечна плата од 2.696 евра.
По градоначалникот на словенечката престолнина следи Томислав Томашевиќ кој е прв човек на Загреб и зема 2.318 евра.
На третата позиција е скопската градоначалничка Данела Арсовска со плата од 2.036 евра, по што следи градоначалничката на Сараево, Бењамина Кариќ со месечни примања од 1.510 евра.
„Најсиромашен“ од градоначалниците на поранешните југословенски држави е градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ кој добива плата од 1.399 евра месечно.