Кој е човекот кој треба да го замени Резников на чело на украинската одбрана
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, одлучи да го смени досегашниот министер за одбрана Алексиј Резников и на негово место да го назначи Рустем Умеров.
-Неделава од парламентот ќе биде побарано да го донесе тоа кадровско решение. Решив да го разрешам министерот за одбрана на Украина. Овие повеќе од 550 дена војна Алексеј Резников ги помина во целост. Сметам дека на Министерството му се потребни нови пристапи и други формати на соработка како со армијата, така и со општеството во целина – изјави Володимир Зеленски, а пренесува агенцијата „Униан“.
Умеров е роден на 19 април 1982 година во Самарканд, на територијата на денешен Узбекистан. Неговото семејство е по потекло од Алушта на Крим и по националност се Кримски Татари, муслимани.
Неговото семејство било протерано од Крим
Во 1944 година, неговото семејство беше протерано од советските власти од Крим во Узбекистан – чин што украинскиот парламент во 2015 година го прогласи за геноцид врз кримските Татари.
Рустем Умеров е дипломиран и магистер по економија и финансии на Националната академија за менаџмент во Киев.
Тој беше избран за пратеник во јули 2019 година пред партијата Холос. Учествувал во изготвувањето на околу 100 закони и ја креирал изјавата на украинскиот парламент за нелегитимноста на руската анексија на Крим.
Обвинет за шпионирање за САД
Тој беше присутен и на мировните преговори меѓу Русија и Украина на самиот почеток на војната, во март 2022 година. Според веб-страницата „Медуза“, Кремљ го обвини Умеров за шпионирање за САД и намерно одложување на преговорите во корист на Украина.
Малку подоцна, на 28 март, беше објавено дека Умеров, Роман Абрамович и уште еден пратеник развиле симптоми кои потсетуваат на труење по учеството во преговорите.
Тројцата преговарачи полетаа за Истанбул за да добијат лекарска помош, а Умеров подоцна на Фејсбук објави дека е добро и побара од луѓето „да не веруваат во непроверени информации“.
Од септември 2022 година, тој е на чело на Фондот за државна сопственост на Украина. (Н1)
#Ukraine‘s President Zelenskyy decided to replace Defense Minister Oleksii Reznikov (on the left) with Rustem Umerov (on the right), a 🇺🇦politician of Crimean Tatar origin.
Hopefully, Umerov will return to Crimea as 🇺🇦Defense Minister after it is liberated by the 🇺🇦Army. pic.twitter.com/mxfMjBQyVf
— BREAKING NEWS: UKRAINE (@MrFukkew) September 3, 2023