Кои се руските херои кои со еден потег спасија 233 животи
За само неколку секунди, двајца пилоти успеаја да приземјат онеспособен авион „ербас“ во поле со пченка во близина на Москва и така спасија 233 животи.
Откако јато птици ги сопреле моторите на авионот со 233 патници и членови на посадата, рускиот пилот Дамир Јусупов и копилотот Георги Мурзин морале брзо да реагираат. Секунди одлучувале за животите на сите во авионот на руската компанија „Урал ерлајнс“.
Авионот само што полетал од аеродромот „Жуковски“ кај Москва, а јато птици ги сопрело двата негови мотори. Пилотите во кокпитот одлучиле принудно да слетаат „на стомак“ во поле со пченка, далеку од куќи и на тој начин ги спасија сите во авионот.
Дамир Јусупов, 41-годишен пилот роден во Сибир не е типичен пилот, Не, како неговите колеги врсници, по десетици илјади часови лет зад себе. Напротив, Јусупов во својата кариера како пилот одработил 3.000 часови лет. Тоа е двојно помалку од потребните за да биде на командно место во кокпитот, но тоа не се покажа пресудно во кризата во која мораше да реагира во четвртокот.
Инаку, Дамир во тинејџерските години школата за пилоти го одбила поради медицински причини. Место за пилот, се школувал за правник. незадоволен од тоа што не му се исполнил сонот, по завршеното школување во правната струка се одлучил за прекфалификација. Пилотска школа завршил со одличен успех. Неговите колеги го опишуваат како смирен, скромен и пред сѐ професионален.
Летот во четвртокот го опиша пред новинарите на прес-конференција.
„Имаше и други опции и добро е што не ги искористивме. Да се обидевме да се вратиме, не знам што би се случило“, коментира тој за присилното слетување во поле со пченка.
На новинарите им рече дека прво сакал да го сврти авионот, но кога видел дека и вториот мотор се расипал – знаел дека ударот во земја е неизбежен.
Посадата донела одлука за слетување на „стомак“, без спуштање на тркалата кои би довеле можеби и до тоа авионот да се преврти што би било многу полошо.
„Се обидов да го приземјам авионот а слетувањето се случи со минимална брзина“, вели Јусупов.
„Не се чувствувам како херој затоа што го направив тоа што беше потребно за да го спасам авионот, патниците и посадата“. додава тој.
Георги Мурзин, 23-годишен копилот лиценцата за пилот ја добил пред само две години.
Дипломирал на Државниот универзитет за цивилно воздухопловство во Санкт Петербург во 2017 година. Младиот пилот има само 600 часови лет во моментот кога се нашол во ситуација во која ни еден пилот не сака да се најде, пишува РТ.
Слетувањето на „ербас 321“ го пофалија и медиумите, но и стручњаци.
„Пилотите одлично се снашле затоа што биле прилично ниско кога се случил ударот на птиците, а силата на моторите речиси ја снемало“, вели Давид Лермонт, уредник на магазинот „Флајтглобал“.
Според него Русија има одлични пилоти, а тоа е професија на која многу се гордеат.
Кремљ најавува дека ќе ги одликува пилотите – херои.
Второй пилот — Георгий Мурзин
Бортпроводники рейса — Дмитрий Ивлицкий и Алия Слякаева pic.twitter.com/Q0cuYyghcL— Vladimir Soloviev (@VRSoloviev) August 15, 2019