Кои се највисоките брани во светот и на кое место ќе биде „Чебрен“


 

Доколку беше изградена браната „Чебрен“ таа во моментов ќе беше 65-та највисока брана во светот, според листата на највисоки брани презентирана на „Википедија“. Според оваа листа, во светот во моментот има 270 брани високи над 135 метри, и уште 19 кои што се во изградба.

На списокот на највисоките брани во светот над 135 метри во височина на првото место (како највисока брана во светот) е браната Џинпинг-I, лачна брана во Кина висока 305 метри.

Оваа брана  е висока лачна брана во Лиангшан, Сечуан, Кина. Изградбата на проектот започна во 2005 година и беше завршена во 2014 година. Нејзината централа има капацитет од 3.600 MW за производство помеѓу 16 и 18 TW·h (милијарди kW·h) годишно. Снабдувањето на електраната е резервоар создаден од лачната брана висока 305 метри, највисоката во светот. Целта на проектот е снабдување со енергија за проширување на индустријализацијата и урбанизацијата, подобрување на заштитата од поплави и спречување на ерозијата.

(Извор: Википедија)

Највисоката насипна брана и втората највисока брана во светот е браната Нурек од 300 метри во Таџикистан.

Браната Гранде Диксенс во Швајцарија висока 285 метри (Фото:Википедија)

Највисоката гравитациска брана е браната Гранде Диксенс висока 285 метри во Швајцарија, а највисоката природна брана, 567 метри е браната Усои во Таџикистан, која е 262 метри повисока од највисоката постоечка вештачка брана.

Ова е листата брани што се во изградба:

(Извор: Википедија)

Инаку, Браната „Чебрен“ треба да биде висока 192 метри, а предвидено е нејзината изградба да трае седум години.

Проектот „Чебрен“ е од исклучително значење за енергетската транзиција на Македонија и регионот, поради можноста за балансирање на обновливите извори на енергија. Воедно ќе има огромно значење и за заштита од поплави, водоснабдување, земјоделие и слично со висина на браната од со што ќе биде една од највисоките во светот.

Погледнете го видеото на ЕСМ за подрачјето каде што ќе се гради „Чебрен“: