Кои се најбараните технолошки производи во време на корона вирусот


Продажбата на телефони опадна на историскo ниско ниво, најниско од доаѓањето на паметните телефони, но токму затоа лаптопите и деловите на компјутер се продаваат како алва!

Се поголем број вработени ширум светот работат од дома, како дел од мерките за спречување на ширењето на коронарниот вирус, кој ја наметнува побарувачката за лаптопи и опрема за периферно мрежно поврзување, како и за компоненти како што се чипови, бидејќи компаниите почнаа брзо да создаваат виртуелни канцеларии.

Бројни бизниси ги повлекоа прогнозите за нивната заработка поради пандемија што им се закануваше на нивните бизниси, очекувајќи пад на побарувачката на потрошувачите, како и економски колапс, за разлика од производителите на електронски уреди и чипови, што веројатно ќе профитира од пресврт во работната култура, пишува Ројтерс.

Во текот на изминатиот месец, многу влади и компании ширум светот препорачаа луѓето да останат дома за да се заштитат од инфекција. Јужна Кореја, домот на најголемиот производител на мемориски чипови во светот, Самсунг, соопшти дека забележа скок од 20 проценти во извозот на полупроводници во истиот период.

Швајцарската УБС банка минатата недела прогнозирала дека просечните цени на ДРАМ чиповите ќе пораснат за дури 10 проценти во вториот квартал во однос на првиот квартал, при што цените на серверските чипови скокнаа за 20 проценти.