Кога си најдобар на светот, за тебе ги менуваат правилата сред Светско првенство!


Актуелниот шампион во забрзан и брзопотезен шах Магнус Карлсен се враќа на Светското првенство откако ја доби битката со Светската шаховска федерација (ФИДЕ).

Најдобриот светски шахист дојде облечен во фармерки на претпоследниот ден од Светското првенство во брз шах, но ФИДЕ го казни со 200 долари и му нареди да се пресоблече бидејќи фармерките не се на списокот на дозволена облека за Светското првенство.

Тој одби, а пред деветтото коло доброволно го напушти натпреварувањето и му ја предаде титулата светски првак во забрзан шах на Володар Мурзин, а исто така рече дека нема да ја брани титулата ниту во брзопотезен шах.

„Тие можат да ги спроведат своите правила, јас немам проблем со тоа, но мојот одговор е: „Во ред, се откажувам. Еб… се““, изјави 34-годишниот во интервјуто по напуштањето на Светското првенство во забрзан шах.

Сепак, ФИДЕ виде колку губи со заминувањето на Карлсен, па реши да попушти и среде натпреварување да ги смени правилата за да го задржи најдобриот светски шахист.

Најавено е дека отсега е дозволено да се носат „адекватни фармерки“ кои мора да одговараат на бојата на сакото.

По таа одлука, 34-годишниот Норвежанец реши да се појави на Светското првенство во брзопотезен шах, кое започнува денеска.