„Кога модата ја следи архитектурата“ – Евгенија Зафировска со нова колекција инспирирана од Брач


Евгенија Зафировска ги спои природата и архитектурата во новата модна колекција полна со иновации и рачни техники.

„Во колекцијата „Кога модата ја следи архитектурата“, облеката ја претставувам како тело –
архитектура, создадов „носливи предмети“. Преку истражување, пристапив и ја најдов
најблиската врска помеѓу архитектурата и модата преку создавање на 3Д структура и
простор за телото, притоа дозволувајќи неограничено движењ“, вели дизајнерката.

Инспирацијата ја пронашла во Сутиванската архитектура, на  островот Брач, во Хрватска, а во  идиличното приморско место Сутиван се одржа и модна ревија која предизвика интерес меѓу мештаните и туристите. За уште поубава атмосфера свиреше познатиот хрватски музичар Роко Вушкович.

„Досегашните резултати покажуваат дека луѓето стануваат сè повеќе свесни за квалитетот
и одржливоста што ни ги нудат малите серии облека, со што нè доближуваат до
уникатноста, исто како што куќите, улиците и плоштадите се единствени на свој начин.
Сутиванската архитектура, изградена од бел камен, е инспирација за колекцијата „Кога
модата ја следи архитектурата“, која создава рамнотежа помеѓу архитектурата и
природата, објаснува Зафировска.

Колекцијата е изработена од природни материјали, надополнети со елементи
од рециклиран рачно ткаен материјал со извезени и плетени мотиви. Модните дизајни
претставуваат комбинација на геометриски форми во просторот, што создава чувство на
проток и нежни струи.

„Негувањето на етичка мода, рециклирање и производство на нула отпад за мене е
совршенство при дизајнирање креација. Моја лична заложба е заштита на животната
средина. Резултатот е современа колекција, препознатлива и единствена, базирана на корисни,
иновативни рачни техники и материјали“, вели Евгенија. 

За спојот мода и архитектура, вели, отсекогаш имале меѓусебен однос заснован на заеднички
визуелен и интелектуален принцип.

„Влијанието на архитектурата врз колекцијата евидливо во употребата на флексибилни материјали, мембрански структури, многу лесенмрежест материјал и, од друга страна, многу цврст рачно ткаен материјал. Приизработката на секое парче од колекцијата користев рачни текстилни техники на оригинални традиционални начини.
EZ ја прави одговорната мода лесна и посакувана, а истовремено отстранува многу од
бариерите со кои се соочуваат купувачите кога бараат поприфатливи алтернативи.
Добриот дизајн треба да биде разумен, поентира дизајнерката, која подготви и каталог со сите креации од колекцијата. 

 

Фото: Габрич Медиа