Кога ќе се намали бројот на казина? Најавен до Нова година, уште се чека на законот за игри на среќа


Бројот на автомат-клубови, коцкарници и слично треба природно да се намали, откако ќе се донесе новиот закон за игри на среќа.

– Законот за игри на среќа, по неколкумесечно работење и негово усогласување е готов. Очекувам уште овој месец да ја помине владината процедура и да влезе во парламент – рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Машинскиот факултат. 

Најви дека тој закон новси многу новини. 

Новата власт, а најмногу  коалицијата ВЛЕН, уверуваше дека овој закон ќе се донесе до Нова година, но тоа не се случи.

Според вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој Закон за игрите на среќи, кој на седница за пратенички прашња одоговараше токму за овој закон, тој ќе биде многу радикален, строг и ќе ги поправи грешките на претходните власти.

– Оваа Влада му има објавено војна на овој бизнис. На првите владини седници ние побаравме автентично толкување и вие почитувани пратеници ќе ни потврдите дека претходната влада, заменик-премиерот од претходната Влада на незаконит начин ги потпишал тие договори за казина во Република Северна Македонија. Имајќи го предвид автентичното толкување, донесовме одлука за затворање на тие казина, онлајн казина и од Нова година ќе се донесе Закон за игрите на среќа – рече Меџити во ноември.