Кочани: Угостителите да ги остранат недостатоците за 30 дена или ќе бидат урнати

Венко Крстевски, в.д. градоначалникот на Кочани, се сретна со сопственици на угостителски објекти и корисници на јавни површини. На средбата учествуваа и инспектори од Општината, ТППЕ – Кочани и Струмица. На средбата Крстевски најави тендер за избор на фирма што ќе ги отстранува нелегалните објекти.
– Од наша страна ќе им дадеме 30 дена период за кој корисниците на јавните површини треба да ги отстранат или прилагодат објектите според соодветните одобренија, а ако не ги отстранат ќе дојде до насилно рушење што ќе претставува дополнителен трошок за нив – посочи Крстевски.
Угостителите се пожалија дека со години работат по ист принцип со дозвола од поранешни власти, и редовно ги подмируваат обврските кон државата и Општината.
Целта на отстранувањето е да се овозможи побрз пристап за пожарникари, брза помош и полиција.