Клоп сака да го види Асенсио во Ливерпул
Ливерпул има намера во летниот трансфер прозорец да го купи играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио, објавија британските медиуми.
Договорот на 23-годишниот Шпанец со Реал важи до 30 јуни 2023 година.
Во прилог на доаѓањето на Асенсио на „Енфилд“ е големата заинтересираност за неговите услуги на тренерот Јирген Клоп.
Германскиот специјалист уште минатото лето се обиде да го привлече Шпанецот.
Во тековната сезона, Асенсио настапи на 42 натпревари за Реал, постигна шест гола и оствари седум асистенции.