Клинт Иствуд на 92 години објави крај на филмската кариера

Клинт Иствуд на социјалните мрежи објави дека се збогува со работата на филмот на 92 години.
Легендарниот актер ја објави својата одлука, која растажи многумина, на Твитер. Тој во објавата напиша: „Мислам дека е многу важен талент грациозно да остариш. За мене е предозна“.
Иствуд ја започна својата богата кариера, која трае повеќе од 60 години, во вестерни. Покрај актерството, тој исто така режираше и дури пет пати ја доби наградата на Американската филмска академија, Оскарот.
Тој е на големото платно уште од 1959 година, но почетокот на неговата кариера не беше толку сјајен. Поради договорот со „Универзал“, според кој имал ниски примања, славниот актер морал да се занимава со други работни места за да врзува крај со крај. Тој бил пожарникар, работел во продавници и како спасител на вода.
Почна да глуми во вестерн, бидејќи на продуцентите им изгледаше како каубој, а освен Џон Вејн, на никому тоа дотогаш не му успеало. Тој глумеше во популарна трилогија за доларите кон крајот на 60-тите години, а славниот пончо во кој се појавуваше за време на филмовите никогаш не беше измиен. Актерот објасни дека ќе се распаднел ако го исперат.
За време на неговата кариера, тој честопати се обидуваше да се занимава со политика, и го поддржуваше Доналд Трамп во неговата трка за Белата куќа. Многумина го критикуваа, но тој одби да го прифати фактот дека е конзервативец. Тој изјави дека неговите верувања се спротивставуваат на некои потези на Трамп, за на крајот да објасни дека тој не е толку „за“ неговата политика, но во некои моменти се согласува со него.
За време на неговата кариера, тој беше еден од најплатените актери во Холивуд, и беше подеднакво успешен и како режисер, тој беше награден со пет Оскари.
Најголем хит беше во 2004 година, кога доби седум номинации за филмот „Девојка од милион долари“. Тој во тоа време имаше 74 години и стана најстарата личност што некогаш освоила Оскар за најдобра режија. Тој беше многу пребирлив при изборот на улоги и одбиваше големи филмови како оние за Супермен и Џемс Бонд.