Клиниката Козле доби вода

Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано.
Хоспитализацијата на пациентите продолжува непречено, а здравствената установа функционира во целосен капацитет.
Министерството останува посветено на следење на состојбата и обезбедување континуирана здравствена заштита за најмладите пациенти, стои во соопштението на МЗ испратено попладнево до медиумите.
Пред решавање на проблемот претходеше и реорганизација на пациентите, поточно за хоспитализација се носеа во Детска клиника, а потешките случаи и на Клиниката за инфективни болести.