Клековски: Истоштени сме од правење постојани контроли на боледувањата
Работиме на ревизија на критериумите за боледување каде е неопходно да постигнеме баланс меѓу потребата за лесна достапност до боледување за тие што имаат потреба, а од друга страна да ги спречиме злоупотребите – истакна денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски.
Тој посочи дека има значителен број злоупотреби на боледувањата.