Ќучук за Македонија: Нема време за кардинални одлуки, политичарите да покажат храброст

Илхан Ќучук ја смета за големо достигнување формулата „заедничка историја“ во договорот на Бугарија  со Македонија бидејќи, како што вели, „нашето заедничко минато, заедничката историја и заедничките корени ќе постават многу цврста основа за нашата заедничка иднина“. Крајната цел, смета тој, е да бидеме заедно во Европската унија и ова е стратешки интерес на Бугарија, на Северна Македонија и на Европската унија.

Во интервјуто за БНР тој порача дека е изгубен  интензитетот на овој процес и затоа треба да се искористи моментумот што го создаде германското претседателство.

„Брисел се потпира на нашето современо однесување и на конкретните активности во рамките на меѓународните формати. Не му треба на Брисел да ги знае деталите од случувањата меѓу нас, враќајќи се во различни фази од нашиот развој“, додаде тој.

„Комисиите од бугарска и македонска страна постигнаа многу. Разговорот за историјата не е лесен. Никој не ни вели да се откажеме од овој разговор, но мора да  продолжи натаму “, додаде Ќучук.

„Ако договорот од Преспа го реши проблемот со Република Грција и трајно го елиминираше така што покажа дека едното и другото минато немаат ништо заедничко, бугарскиот договор со Република Северна Македонија започнува процес со кој се кажува дека сè било заедничко“, вели Ќучук.

Според него, до состанокот од Берлинскиот процес на 10 ноември нема време за кардинални одлуки, но штета би било оваа можност да се испушти за време на силното германско претседателство.

„Сфаќам дека не е лесно, но ние мора да бидеме разумни. Ајде да сториме се што е можно… владите да покажат поголема храброст “, повика тој.