Ќосето ќе се скраси во Аеродром, во паркот во Горно Лисиче


 

Советниците од Левица предложија, ВМРО-ДПМНЕ поддржа, а Советот на Општина Аеродром ја усвои иницијативата споменикот на егзекуторот на ВМРО, Андон Јанев – Ќосето да се постави на територија на општината. Местото е најдено – во паркот во Горно Лисиче. За оваа иницијатива 22 гласаа 22 советници на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, а шестмина беа против. Оние иод СДСМ.

Следен чекор е иницијативата да биде поднесена до Собранието на Македонија, кое треба да го даде последниот збор.

Според Левица, „Андон Јанев – Ќосето е македонски револуционер, современик и другар на Гоце Делчев и Јане Сандански кој пак е поврзан со Општина Аеродром“.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска минатиот месец испрати писмено барање до Општина Центар да се даде согласност за почнување постапка согласно за враќање на Ќосето на истата локација од која беше тргнат – пред комплексот судови Од Центар ѝ одговорија дека барањето го доставила на погрешна адреса, односно дека треба да добие согласност од Собранието.

Споменикот на контроверзниот Андон Лазов-Ќосето (1855-1953), беше поставен пред судовите во 2014, кога градоначалникот беше Коце Трајановски. Ќосето е еден од петте споменици кои Град Скопје ги доби како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.

Со доаѓањето на функција на тогашниот градоначалник Петре Шилегов, споменикот беше отстранет оти било утврдено дека е дивоградба односно нема решение за негово поставување. Откако беше тргнат, споменикот беше однесен во магацин на „Металски завод – Тито“ во Скопје.