Ќе се загради депонијата „Дрисла“
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, и в.д. директорот на Јавното претпријатие „Дрисла“, Ненад Јосевски, ја посети депонијата „Дрисла“. При оваа посета се разговараше за важноста на инвестициите во депонијата со цел таа да биде целосно функционална и да нуди побезбедни и поефикасни услуги.
Министерот Меџити ја нагласи потребата од заградување на депонијата, пред сè, од безбедносни причини, а со тоа ќе се овозможи заштита на животната средина и јавното здравје. Тој нагласи дека потребните инвестиции ќе помогнат да се подобрат условите за работа и ќе се придонесе за подобро управување со отпадот во регионот.
Оваа посета ја истакна посветеноста на Владата за подобрување на управувањето со отпадот и обезбедување почиста и поздрава животна средина за граѓаните.