Ќе се врати ли италијанското сценарио?


 

Бројот новозаразени од корона вирус во изминатите 24 часа во Италија е
4.458, соопшти италијанското Министерство за здравство.

Ова е прв пат од април бројот на новозаразени да надмине 4.000, пренесе Ројтерс.

Од Ковид-19 починаа 22 лица денеска, што е помалку во однос на претходните денови кога смртноста достигнуваше и до 31.

Италија беше брва земја во Европа која ја погоди корона вирусот, имаше најголем број смртни случаи по Британија на евроспкиот континент – 36.083 и вкупно 338.398 заразнеи.

Благодарение на едни од најстрогите рестриктивни мерки на светот италијанската влада успеа да го стави вирусот под контрола до летото.

Во изминатите два месеца забележан е пораст на новозаразените, но тој е помал отколку во другите европски земји сега, како Шпанија, Франција и Британија.