Ќе се враќа оградата на Владата, што ја тргна Заев
Откако повеќе години, зградата на Владата беше окружена само со ѕитче, бидејќи поранешниот премиер Зоран Заев одлучи да ја отстрани кованата ограда, новата Влада на Христијан Мицкоски, денеска одлучи да ја врати.
– Со оглед на тоа што досега објектот на Владата е опркужен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на МВР, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи СОЗР да започне постапка за враќање на оградата на Владата која веќе еднаш беше поставена – соопштија попладнево од Владата.
Истовремено, директорот на СОЗР Ивица Томовски информираше дека оградата била несоодветно чувана под надворешни влијанија во објектот на касарната Илинден, за што ќе направат и дополнителна проценка.