Ќе се воведат чартер летови од Скопје до Ларнака, Кипар?


За летниот период, кога сите планираме каде да одиме на одмор, неколку туристички агенции покренуваат иницијатива за воведување чартер лет до Кипар, поточно до Ларнака.

За утре најавија прес-конференција на која ќе ги објаснат деталите.

– Во името на туристичките агенции ЈК Травел, Аталантис Груп, ЕТЦ травел, Магелан и Ваикики Травел ве покануваме на медиа брифинг на тема „Чартер лет од Скопје до Ларнака: нов предизвик за летото 2023 до прекрасниот остров Кипар“ – стои во нивното соопштение.

На настанот ќе говорат Џорџ Минас, директор за развој на пазарот од Одделот за меѓународни односи на Кипар, од Министерство за туризам и Елизабета Кочева Јосифовска, претставничка на туристичката агенција ЈК Травел.

Според нив, на првот директен чартер лет од Скопје до неверојатната туристичка дестинација Кипар за летниот одмор за 2023, Ларнака патниците и љубителите на летниот одмор ќе патуваат со Balkan Holiday Air, водечка авиокомпанија во регионот.