Ќе се ревидира трасата од автопатот Требеништа – Ќафасан, подрачјето е под заштита на УНЕСКО


Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска во Охрид изјави дека ќе се ревидира трасата од автопатот Требеништа – Ќафасан, односно четвртата делница од проектот со конзорциумот „Бехтел и Енка“.

„Подрачјето e под заштита на УНЕСКО, а со актуелниот проект се загрозува неговата автентичност“, изјави Николоски.

Тој посочи дека во опција се три варијанти, меѓу која и поместување на трасата. 

Во однос на автопатот Кичево – Охрид, Николоски нагласи дека Владата останува на ветувањето дека ќе го доврши до крајот на 2026, како и дека за проблемите со свлечиштата биле ангажирани странски експерти. 

тој рече дека не може да се каже дали ќе има или не поскапување на изградбата на автопатот но ќе настојува проектот да се заврши во зададениот рок за цената да остане иста.

Инаку, автопатот Кичево-Охрид започна да се гради на 22 февруари 2014, а првично требаше да биде завршен во 2018 година. До сега за негова изградба се одобрени и земени кинески кредити во вредност од околу 772 милиони долари или 600 милиони евра.