Ќе се основа Совет за соработка меѓу Турција и Македонија: Мицкоски кај Ердоган

Македонскиот премиер денеска е на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. За средбата информираше Мицкоски на својот Фејбук профил.
„Денеска остварив средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која ја потврдивме нашата заедничка посветеност за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји“, напиша тој.
Премиерот најави дека ќе биде потпишана политичка декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција. Мицкоски во својата објава не го напиша уставното име на Mакедонија (Северна).
„Овој Совет ќе претставува важен механизам за продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво. Убеден сум дека оваа иницијатива ќе придонесе за нови можности и уште посилни врски меѓу нашите народи“, напиша премиерот Мицкоски.