Ќе се обнови патот Волково – Кучково

Градоначалникот на Ѓорче Петров најави дека ќе се прави реконструкција на патот Волково – Кучково како еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Ѓорче!
– Со оваа инвестиција ја унапредуваме безбедноста во сообраќајот и овозможуваме побрз и посигурен пристап до Кучково – место што станува сè попривлечно за семејства, љубители на природата и планинарење. Средствата се обезбедени со поддршка од Владата на Република Македонија, соопшти Стојкоски.
Вредност на овој проект е над 47 милиони денари.