Ќе се конзервира кулата Пирго од времето на цар Самоил и битката на Беласица


Кулата Пирго на локација над Мокриево на планината Беласица е прекрасно
место во Подгорот што се спомнува во легендите и памети во историјата
како славно историско место особено во контекст на времето на Цар Самоил
и битката на Беласица. Времето на (комитопулите Давид,  Арон, Мојсеј и
нивниот брат) Цар Самоил е средниот век на Македонија кога оваа кула
била во својот автентичен изглед и функција.
 
Денеска во рамките на своите  работни задачи  посета на локацијата околу
Пирго кулата во Ново Село заедно со Градоначалникот Георги Божинов
остварија в.д. директор на НУ Завод и музеј Струмица Бранко Ѓоргиев,
Душко Цветанов археолог во НУ Завод и музеј Струмица, Трајче Нацев
конзерватор проф. на УГД,  Зоран Рујак археолог во Завод и музеј
Струмица.
 
Конзервацијата на Пирго кулата и уредувањето на просторот околу неа се
договара да почне во месец јуни, согласно изработениот основен проект
финансиран од општина Ново Село.
 
Конзервацијата ќе се врши со обезбедени средства од Министерството за
култура.
 
Во прилог е предлог идејно решение како кулата ќе изгледа, согласно
историските податоци.
 
Пирго е позната локација каде особено на пролет и во лето месното
население и многу госити често прават излети и се организират настани.
Местото плени со природната убавина, чистота и свежина.
 
Овој потег на реконструкција на славната кула Пирго е остварување на
идеја на повеќе генерации затоа што постоеле повеќе иницијативи и
петиции на  многу жители и иселеници од овој крај.