Ќе се формира партија на македонските Бугари

-Секојдневно работиме на подобрување на животот на сите граѓани во РСМ и за што побрзо зачленување на земјата во ЕУ. Од досегашната работа на Владата во Скопје не сме задоволни, поради спората динамика на спроведување на реформите во сите сегменти. Самата политичка партија ЕВРОПСКИ ПАТ, планира да учествува во секојдневната работа на институциите со активни цели и задачи – изјави Цветковски.
Учество на Македонските Бугари како дел од новата Европска администрација во Македонија, е една од целите на АМБ ДНЕС.
-Стани Бугарин за вработување. Здружението Алијанса на македонските Бугари, преку својот сајт ви нуди да аплицирате за работно место, па дури и прашуваат- дали можеби се гледате како министер, пратеник, советник во општина, судија, обвинител, градоначалник, или пак можеби имате желба да сте дел од јавната администрација или пак советник во самото здружение?
Образованието очигледно не е најважно, од класификации треба да се чувствуваат само како Бугарин.
Учеството во администрацијата е и една од целите напишани во програмта на ова здружение.
–