Ќе и пресуди ли „Партигејтот“ на Сана Марин?
Дали и помогнаа или и наштетија најновите видеа на финската премиерка Сана Марин на кои се забавува со пријателите? Дали таа сè уште е најдобриот премиер на светот, дали не ја почитува големата државна служба, дали може да и се верува во кризни ситуации идали можеби станала жртва на целна руска операција за сајбер информации?
Сите овие мислења – и многу повеќе – може да се најдат на социјалните мрежи, но вистината е многу поизразена и помага да се разбере малку за финската политика и општество за да се стави целата приказна во контекст. Пред сè, важно е да се разбере дека Финска има прилично низок праг за она што претставува „политички скандал“. Колку ниско? Доволно ниско за најновиот „Партигејт скандал“ да биде сатиризиран во телевизиско шоу.
„Финска треба да биде благодарна за скандалите што ги има!“- рече водителот Тревор Ноа, споредувајќи го видеото за Марин како пее и танцува со пријателите на забава во приватна куќа со политички скандали во Америка, каде неодамна беше извршена рација во домот на поранешниот претседател Доналд Трамп, додека агенти на ФБИ бараа строго доверливи документи кои може да содржат нуклеарни тајни.
За да се илустрира колку е ниско поставен прагот во Финска кога станува збор за политички „скандали“, може да послужи примерот од последниве години кога медиумите и политичките противници направија планини од хистерија кога огревно дрво беше доставено во домот на поранешен премиер, кога тогашниот водач на Зелените отиде во геј бар во Стокхолм за време на неделата на гордоста и кога друг поранешен премиер беше фотографиран во гаќи…
Откако ја презеде функцијата како најмлада премиерка во светот во декември 2019 година, Марин беше подложена на бескраен прилив на овие „скандали“ и јасно е дека голем дел од критиките со кои се соочува се должат на фактот дека таа е релативно млада, успешна и способна жена. Таа се соочува со наслови на насловните страници и гневот на нејзините политички противници за однесување како готвење појадок дома со храна платена од јавни средства (и претходните премиери го правеа тоа, а никој не се жалеше ) по што Марин лично ја врати многу скромната сума на пари . Имаше и случај кога таа беше во бар со пријатели и еден од министрите беше позитивен на тестот за ковид (таа беше ослободена од какво било прекршување) и случај кога некои медиумски и политички непријатели ја исмеваа затоа што се покажа дека многу сака сама да ја чисти нејзината официјална резиденција, Кесаранта.
Да бидеме фер кон Финците, има еден или два случаи кои остатокот од Европа би ги препознал како вистински политички скандали, како на пример во 2008 година кога министерот за надворешни работи беше отпуштен поради секс по телефон од неговиот работен апарат.Но, тие се исклучок наместо правило.
Дали има странско влијание зад објавените видеа? Друга мисла што лесно може да се најде на интернет, главно од луѓе надвор од Финска, е дали Русите ја таргетирале Марин како дел од кампањата за дигитална шпионажа и ги објавиле видеата на интернет или во медиумите. Тие велат дека времето на скандалот е сомнително затоа што Финска најави дека драстично ќе го намали бројот на визите што им се издаваат на руските туристи, а скандинавската земја се приближува кон крајот на процесот на пристапување во НАТО.
Финските медиуми не шпекулираа откако првото видео на Марин беше објавено на интернет во средата вечерта и заклучија дека најверојатно потекнува од нејзината група пријатели. Второто видео, кое беше споделено од озборувачкиот магазин за славни личности Сеиска во петокот наутро, е направено од Финец кој не е обожавател на Марин или на нејзината Социјалдемократска партија и кој изјави за „Еуроњуз“ дека сака политички да и наштети.
„Обично никој не се осмелува да напише ништо негативно за неа“, изјавил изворот за „Еуроњуз“. „Таа е очигледно нарцис“, рекол тој.
Голем дел од бесот околу првото видео на Марин се фокусираше на тоа дали еден од нејзините пријатели го кажал зборот „јаухоенги“ – буквално „куп брашно“ – наводно сленг референца за кокаин (за што многу Финци веруваат дека воопшто не е збор! ). Токму оваа фраза ја поттикна лидерката на екстремно десничарската партија на Финците и пратеник од екстремно десничарската Централна партија – еден од петте коалициски владини партнери на Марин – да и предложи да се подложи на тест за дрога, што подоцна го направи, и резултатите треба да се добијат следната недела.
Ова тврдење за кокаин беше отфрлено и од страна на финскиот политички коментатор Јане Корхонен, кој изгради репутација на веродостоен човек кога станува збор за разоткривање дезинформации и објаснување на финската политика на Твитер.
Па, како извештаите за личниот живот на Марин привлекоа толку големо внимание? Дел од одговорот на ова прашање може да се најде во релативно нискиот праг за скандали на медиумите и политиката во Хелсинки. Финскиот таблоид весник „Илталехти“ со најголем ентузијазам ги објави настаните од оваа недела. Главниот уредник на весникот е оженет со шефицата за комуникации на партијата Национална коалиција, а еден од неговите главни колумнисти е оженет со шефицата за медиумите на екстремно десничарската партија Финци, која е опозиција на Сана Марин. Во минатото имаше некои онлајн шпекулации за врските меѓу политичките партии и овие улоги во медиумите од висок профил.
Друго прашање е дали Марин технички беше на работа како премиер, или на одмор на почетокот на август кога присуствуваше на голем број забави, одеше во барови и ресторани и танцуваше блиску со финска музичка ѕвезда? Изгледа дека таа работи, факт на кој противниците се нафрлија за да тврдат дека безбедноста на земјата е загрозена додека Сана се забавува.
Се разбира, одговорноста за националната безбедност во Финска не лежи само на премиерот, има многу нивоа на одговорност во владата и во војската, како и околу фактот дали Марин била во бар или на домашна забава (или можеби во кино или на семеен настан, што не мора да значи дека таа не била заштитена, но самата кажа дека нејзиното обезбедување било надвор од локацијата на домашната забава. Дали Сана Марин ќе плати политичка цена за нејзините августовски лудории, останува да видиме.
Имаше силни пораки за поддршка од претседателот на пратеничката група на нејзината сопствена партија и од лидерот на Центарот, втората по големина партија во коалицијата и онаа чија поддршка и е потребна за да ја задржи владата.Но, понекогаш пораките за политичка поддршка можат да бидат силни еден ден, а следниот ден да испарат. Особено бидејќи општите избори се закажани за пролетта 2023 година и партиите веќе се борат за позиции на власт.
Дали партијата на Марин, која има тенденција да привлекува постари гласачи, може да одлучи дека таа е изборна опасност за нивните основни гласачи и да ја отстрани? Ова не изгледа веројатно на краток рок, бидејќи таа досега се сметаше за изборен адут, а превирањата пред почетокот на кампањата не би биле силен сигнал.
Сепак, Марин ужива високо одобрување во јавноста за работата што ја заврши како премиер, особено за време на пандемијата на Ковид , а во наредните недели финските медиуми најверојатно ќе објават податоци од анкетите, што ќе биде важно да се види какво било влијанието на протечените партиски видеа на Марин на гласачкото расположение.
Love it! Danish women are posting videos of themselves partying while tagging Finnish Prime Minister Sanna Marin.
To show “Solidarity with Sanna” pic.twitter.com/8gsUTuROLJ
— Very Finnish Problems (@VFinnishProbs) August 20, 2022
Во меѓувреме како подддршка на Марин девојки од Данска постираа видеа на социјалните мрежи како се забавуваат на журлки или танцуваат провокативно.(„ Еуроњуз“)