Кисела Вода постави пет прочистувачи за воздух низ парковите


Кисела Вода стана првата општина во Македонија која постави пет најсовремени Filter Cube III уреди за надворешна употреба. Овие прочистувачи имаат максимален проток на воздух на Filter од 16,625 м³/ч и обезбедуваат оптимално прочистување на воздухот.

„Ова се многу моќни и ефикасни уреди со тежина од 1.000 кг и димензии 94 см x 94 см x 360 кои се долготрајни и мошне тивки, кои ќе бидат поставени во парковите и каде што има голема фрекфенција на луѓе и ќе го прочистуваат воздухот. Претходно, поставивме и најсовремени внатрешни пречистувачи на воздух во ООУ ,,Невена Георгиева-Дуња” во сите училници, што го направи ова училиште првото на Балканот кое има заштита од вируси од ваков тип.

Оваа е вредна донација од општествено одговорната компанија ЕКОТИП, со која Општина Кисела Вода склучи стратешко партнерство и започна заедничка кампања за имплементирање на најсовремени иновативни еколошки решенија“ напиша градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.