Кисела Вода и одговорниот ќе треба да платат 1.800 евра казна за исеченото дрво кај билбордот
Инспекторатот на Град Скопје, денеска на Општина Кисела Вода и одговорното лице им изрече максимална казна во висина од 1.800 евра поради бесправно исечено дрво на булеварот „Борис Трајковски“.
Дрвото е исечено без дозвола и одобрение од Град Скопје.
Заштитата на зеленилото е врвен приоритет во животната средина, а брзата реакција е потврда дека градските инспекциски служби се на висина на задачата и дека неказнивоста во Скопје повеќе нема да се толерира.