Кисела Вода добива плоштад

Покрај салата „Расадник“ во Кисела Вода, се гради плоштад, со што оваа скопска општина првпат добива голем отворен простор, во служба на јавноста.
„Во срцето на населбата Расадник се гради нов плоштад, простор кој ќе ја разубави нашата општина и ќе внесе свежа енергија во секојдневието. Денеска направив увид на терен и со големо задоволство можам да кажам дека веќе се обликува место на кое сите ќе уживаме“, објави градоначалникот на Кислеа Вода, Орце Ѓорѓиевски.
На површина од 4.000 м² ќе добиеме уреден простор со парковско зеленило, современо детско игралиште, фонтана, урбана опрема и современо осветлување.
Средствата за овој значаен проект се обезбедени преку повикот за капитални инвестиции од Владата.
Со новиот плоштад, жителите на Расадник и пошироко добиваат ново катче за дружење, рекреација и одмор, во непосредна близина на спортската сала „Расадник“, која исто така се реновира од темел.
Ова е уште еден чекор повеќе кон поквалитетно секојдневие, повеќе простор за семејни активности и подобрен урбан изглед на нашата населба.