Кирил Петков поднесе оставка и на функцијата пратеник


Фото: Б. Грданоски

Поранешниот бугарски премиер и пратеник од Продолжуваме со промената, Кирил Петков денеска поднесе оставка и на пратеничката функција.

Претходно Петков на Фејсбук објави дека мирно поднесува оставка и оти нема да се кандидира за нови лидерски позиции во септември, кога партијата Продолжуваме со промената ќе избере ново раководство на Генералното собрание.

Тој додаде дека ќе остане член на партијата и ќе има средби со граѓаните „не како нивен лидер туку како еден од нив“.

Петков минатата недела најави повлекување од функцијата копретседател на партијата и оти ќе поднесе оставка како пратеник, преземајќи одговорност за партиските кадри чии имиња беа вмешани во корупциски скандал.