„Кирил и Методиј – Who are you?“ од Јoрдан Плевнеш презентирана на манифестацијата Театарска Европа во Париз
Драмата „Кирил и Методиј – Who are you?“ од македонскиот автор со интернационално реноме Јордан Плевнеш синоќа, во очи на Светскиот ден на театарот, во Парискиот театарски центар Шарентон беше презентирана заедно со десетина познати автори од европските земји во организација на издавачот „Куќа на Европа и Ориентот“.
На презентацијата беа изведени повеќе сцени од драмата од француски актери, во режија на Доминик Долмие, а исто така беше презентиран и предговотот на Жорж Бани, еден од најзначајните светски театролози, кој го наслови својот текст: „Јордан Плевнеш е планетарен автор“.