Кинеската вакцина 100 отсто безбедна? Тестирањето покажало „лесни“ несакани ефекти


Првата фаза на тестирање ја потврди безбедноста на кинеската вакцина.

Првата фаза на клинички испитувања на кинеската експериментална вакцина против коронавирус, развиена од Институтот за медицинска биологија при Кинеската академија за медицински науки, ја потврди нејзината безбедност, објави Ројтерс.

Првата фаза на клинички испитувања на кинеската експериментална вакцина вклучува 191 волонтер, на возраст меѓу 18 и 59 години.

Не беа пријавени посериозни несакани ефекти, како што наведоа авторите на студијата во студијата објавена на веб-страницата „medRxiv“, пред прегледот.

Најчестите несакани реакции пријавени од волонтери беа лесна болка и благ замор, како и црвенило, чешање и оток на местото на инјектирање.

Вакцината предизвика имунолошки одговор на волонтерите вклучени во студијата, а авторите на студијата наведуваат дека сите податоци од оваа фаза покажуваат дека вакцината е безбедна и ефикасна и дека треба да се продолжи со понатамошно тестирање.

Стотици илјади работници се вакцинирани досега во Кина, како и членови на групи кои се сметаат за високоризични во однос на Kовид-19, иако клиничките испитувања сè уште не се завршени, што предизвика загриженост кај експертите.

Кина во моментов има најмалку четири експериментални вакцини кои се во завршна фаза на клинички испитувања.

Според најновите податоци, 85.482 лица биле заразени со вирусот во Кина од почетокот на коронарната пандемија, додека 4.634 пациенти починале како резултат на Kовид-19.