Кинеската амбасада: Не е потврдено државјанството на починатите 39 лица


Кинеската амбасада во Лондон соопшти дека британската полиција сѐ уште не може да потврди дали 39-те лица кои беа мртви пронајдени во камион, биле кинески државјани.

Медиумите претходно јавија дека британската полиција соопшти, а Пекинг потврдил дека починатите 31 маж и осум жени биле државјани на Кина.

-Британската полиција рече дека го проверува идентитетот на починатите и не е во можност сега со сигурност да каже дека лицата се кинески државјани, наведува амбасадата на Кина во Лондон.

Во меѓувреме, Глобал Тајмс оценува дека не е можно да се каже колкава е одговорноста за трагедијата, но напоменува дека „толку сериозна хуманитарна катастрофа се случила пред очите на Британците и Европејците“, пренесува Ројтерс.

Телата беа пронајдени во приколка на камион-ладилник во индустриската зона во местото Грејс, на околу 40 километри источно од Лондон, а се работи за 31 маж и осум жени.