Кина забрани градење „супер високи згради“ во помалите градови


 

Кина им забрани на малите градови во земјата да градат „супер високи згради“, како дел од поголем проект за сузбивање на изгледот на испразнети градови. На оние со популација под 3 милиони луѓе ќе им биде забрането да градат згради повисоки од 150 метри.

БНа градовите со поголема попуалција ќе им биде забранета изградба на згради повисоки од 250 метри, а веќе постои забрана за изградба на згради повисоки од 500 метри.

Кина е дом на некои од највиоските згради во светот – како кулата „Шангај“ од 632 метри и финансискиот центар „Пинг ан“ во шенжен од 599,1 метар.

Локалните извештаи велат дека можеби има потреба од облакодери во пренаселените градови како Шангај и Шенжен, но во другите градови нема недостаток на земјиште, па високи згради се градат за фалба.

Порано оваа година, стотици луѓе почнаа да бегаат од 350 метри висока зграда во Шенжен, која почна да се ниша.

Кина сѐ повеќе се пресметува со скапите проекти, критикувајќи ја опсесијата на локалните архитекти за изградба на привлечни згради. Порано оваа година забрани и изградба на грди згради.

Оние кои ќе одобрат проекти кои ги кршат новите правила ќе се сметаат за доживотно одговорни.

Оваа објава наиде на одобрување на кинеската друштвена мрежа Веибо, а многумина изјавија дека супер исоките облакодери не се потребни, туку се само трик.