Кина воведува антидампинг мерки


Кина воведува антидампинг мерки на увозот на фенол од САД, Тајланд, ЕУ и Јужна Кореја, соопшти Министерството за трговија на таа земја.

Церините се воведуваат од денеска, во висина од 11,9 отсто до 129,6 отсто, при што нивната висина за секоја фирма одделно ќе зависи од дампинг маржата на произведувачот.

За испорака на фенол по дампинг цени Пекинг ги обвини виновниците од ЕУ, Јужна Кореја, САД, Тајланд и Јапонија.

Фенолот се користи при преработката на нафта, во фармацијата, хемиската и текстилната индустрија.