Кина отворена за нови трговски преговори со САД
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека официјален Пекинг е подготвен за нови преговори со Вашингтон.
Во денешното соопштение од кинеското МНР не се најавува средба меѓу кинеските и американските претставници на форумот на Г20 овој месец. Американскиот претседател Доналд Трамп во неколку наврати рече дека се подготвува за средба со кинескиот колега Си Џинпинг во рамки на Г20, но Кина не ја има потврдено средбата.
Кинеско-американските трговски преговори се влошија кон почетокот на мај, кога дојде до зголемување на американските тарифи на кинеската стока во вредност од 200 милијарди долари и забраната за американските компании да соработуваат со Хуавеј. Пекинг одговори со тарифи на 60 милијарди вредниот увоз на американска стока.