Кина може да ги престигне САД и да стане најголема светска економија до 2024 година
Податоците предвидуваат и дека Кина ќе ги престигне Соединетите држави, а Индија ќе го завземе третото место
Според податоците на Светска банка и ММФ, азиските држави се очекува да сочинуваат најголем дел од првите пет земји во светот според големината на БДП во 2024 година, преместувајќи ги европските економски моќници во пониските редови.
Економскиот раст на Кина е висок уште од 90-тите години на минатиот век, додека Индија и Индонезија неодамна влегоа во првите 10 најголеми економии во светот и се очекува да достигнат 3 и 5 место до 2024 година. Се очекува Јапонија, која е веќе етаблирана економија да се спушти на ранг листата на 4 место во 2024 година, додека Русија ќе се искачи на 6 место.
Растечката средна класа во Азија е една од причините за континенталното поместување според големината на БДП. Додека Кина досега беше пример за растот на пазарот во 21-от век, земјата се очекува во наредниот период да се справува со стареење на населението што ќе влијае на потрошувачката. Индонезија, заедно со Филипините и Малезија, се очекува значително да ја зголемат работната сила во наредните години, придонесувајќи за пораст на просечните расположливи приходи, пишува Светскиот економски форум.
Азиските мултинационални компании, како кинеските Хуавеи и Тата во Индија, веќе се појавија во овој век и се очекува повеќе да се позиционираат на глобалната сцена. Но, брзиот раст во Азија, исто така, е проследен со проблеми, како што брзиот поделба помеѓу руралните и урбаните приходи, деградацијата на животната средина и новите предизвици на управувањето и институциите, според ФАО.