Кина е загрижена дека конфликтот во Украина може да излезе од контрола
„Пекинг е многу загрижен поради овој конфликт кој се интензивира, па дури и излегува од контрола“, рече тој пред десетици странски амбасадори и дипломати.
Чин Ганг додаде дека Кина ќе продолжи да се залага за мировни преговори и да обезбеди „кинеска мудрост“ за да се постигне политичко решение.
„Истовремено, ги повикуваме погодените земји веднаш да престанат да додаваат масло на огнот, да престанат да ја префрлаат вината на Кина и да престанат да зборуваат за Украина денес, а утре за Тајван“, рече Чин.
Кина никогаш не ги осудила руските акции против својот источноевропски сосед, ниту го употребила зборот „инвазија“.