Русија лансираше интерконтинентална балистичка ракета, прв таков напад врз град во историјата (ВИДЕО)
Русија денеска лансирала интерконтинентална балистичка ракета „Кинџал“ од нејзиниот јужен регион Астрахан и седум крстаречки ракети, соопшти украинската војска.Русија го употребува ова оружје со долг дострел за прв пат откако ја почна војната.Со тоа украинскиот град Дњепар што стана првиот град во историјата на човештвото погоден од интерконтинентална балистичка ракета, што е историска пресвртница. Интерконтинентална балистичка ракета што се користи не на полигон, туку против град со милион жители.
Нападот следуваше откако Украина оваа недела употреби американски и британски ракети за да нападне цели во Русија, за што Москва со месеци предупредуваше како потенцијална ескалација. Цел на нападот биле бизниси и критична инфраструктура во централно-источниот украински град Дњепар, соопштија властите.
Не е познато што конкретно е погодено од интерконтиненталната ракета или дали има голема штета.Руските ракети имаат дострел од неколку илјади километри и можат да носат нуклеарни боеви глави. Украинскиот систем за противвоздушна одбрана собори шест крстосувачки ракети Кх-101 за време на нападот.
Воздухопловните сили на Украина соопштија дека ракетата била лансирана од областа Астрахан во Русија, но не прецизираа за каков тип на интерконтинентална балистичка ракета се работи.
Антон Герашченко, поранешен советник на министерот за внатрешни работи на Украина напиша на социјалните мрежи деканападот врз Украина со интерконтинентална ракета нема воена логика и дека е дел од психолошката војна.
Another video of the strike on Dnipro https://t.co/NRRqahk4yT pic.twitter.com/PLrgtyEqRE
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) November 21, 2024
„ Што се обидува да постигне Русија? Да го исплаши светот и да го убеди дека Русија можеби всушност ќе користи нуклеарно оружје. Во реалноста Русија и Путин докажуваат дека се навистина луди. Како резултат на тоа, САД и Кина – и двете незаинтересирани за нуклеарна војна – соодветно ќе го прилагодат својот пристап кон Русија.
Војната влезе во ќорсокак ако нуклеарното оружје е единствениот преостанат аргумент.Нуклеарното оружје води кон изолација, а не до победа. За Русија, тоа е само уште еден чекор кон тоа да стане нова Северна Кореја. Оние кои го туркаат Путин кон екстремниот чекор за употреба на нуклеарно оружје разбираат дека потоа би можеле да добијат контрола над него. По таков потег, Путин би бил целосно изолиран од светот и принуден да живее во бункер до крајот на својот живот“, оцени тој.