„Киев е побезбеден од Сиднеј“ – зошто многу странци остануваат во Украина
Додека некои западни амбасади го повлекуваат својот персонал од Украина, многу странци остануваат во таа земја. ДВ разговараше со дел од нив за нивниот поглед кон конфликтот со Русија - одвнатре и однадвор

На Јенс Деслер не му се брза. „Телефонот ми е полн со пораки,“ вели овој Германец со по малку уморна насмевка. Тој е инструктор за кариерен развој и вели дека најголемиот дел од пораките му се од пријатели и роднини кои го прашуваат дали ќе го напушти Киев. Слична е приказната и кај многу други странци кои живеат и работат во украинскиот главен град. Иако тензиите помеѓу Русија и Украина не се ништо ново,неодамнешната одлука на САД и други западни земји да го повлечат персоналот од амбасадите, е сигнал дека војната е многу реална опција.
Линк до целиот текст на Дојче Веле тука