Киднапиран поранешен фудбалер на Партизан!
Напаѓачот на Ал Итихад од Триполи, Мухамед Забија бил киднапиран во неговата родна Либија.
Како што пренесуваат локалните медиуми, тој пред неколку дена бил киднапиран од вооружената група Гнева Ал-Какли. Со него бил киднапиран и уметникот Асер Бахир, но тој во меѓувреме беше ослободен.
Вујкото на Забија ја потврди оваа вест, а причините за киднапирањето сѐ уште не се познати.
„Многу пријатели ме прашуваат дали се вистинити информациите за киднапирањето на ѕвездата на Ал Итихад, Мохамед Забија… Да, не сме во контакт со него од четвртокот“, рече тој.
اختطاف اللاعب الليبي الدولي #محمد_زعبية
للاطلاع على التفاصيل https://t.co/tj9cvhFdzd#الميدان pic.twitter.com/FpDp6zTAd6
— الميدان الرياضي (@MidanAlYaum) April 25, 2023
Забија во текот на кариерата настапуваше и за Партизан во периодот од 2012 до 2013 година каде на четири натпревари постигна еден гол.
Во текот на кариерата играше и за Аскат, Ал Итихад, Ал Араби, Кабалија, Оран, Есперансе…
Беше шампион во Србија и Тунис, како и најдобар стрелец во Алжир. За Либија одигра 25 натпревари и постигна шест гола.