Кетрин Ештон лобист на приватна компанија
Поранешната шефица на Европската унија за надворешна политика Кетрин Ештон пет години, по заминувањето од функцијата, стана лобист на приватната компанија „ГардаВорд“, која дава понуди за ЕУ договори.
Според Еуобзервер, на оваа канадска компанија и се приклучил уште еден висок претставник на ЕУ.
Ештон беше првиот висок претставник на ЕУ задолжен за надворешна политика од 2010 до ноември 2014 година.