Кенија: Убил 42 жени, па ги фрлил на депонија


Кениската полиција уапси 33 -годишен сериски убиец откако на депонија јужно од Најроби беа пронајдени осакатени тела на жени. Шефот на Управата за криминални истраги, Амин Мохамед, го објави апсењето на човекот, додавајќи дека „имаме работа со сериски убиец, психопатски сериски убиец кој нема почит кон човечкиот живот“.

„Осомничениот, Колинс Џумаиси Калуса, призна дека намамил, убил и фрлил 42 женски тела во депонијата“, истакна тој.

Пронајдена е мачета за која се верува дека ја користел за распарчување на жртвите при претрес во домот на осомничениот, кој се наоѓа на околу 100 метри од депонијата, објасни Мохамед.

„Имаме и втор осомничен, кој беше уапсен со телефонот на една од жртвите“, продолжи тој, без да даде детали.

Првите тела на распарчени жени беа пронајдени во петокот на депонија.

Според началникот на Управата за криминалистички истраги, прва жртва била сопругата на главниот осомничен, која тој ја „задавил“ и ја распарчил.

Возраста на жртвите се меѓу 18 и 30 години и сите се убиени на ист начин, нагласи Мохамед.