Кејт Мидлтон и Меган Маркл разговарале за заеднички Нетфликс проект


Англија – И покрај тоа што веќе некое време се зборува за заладени односи меѓу членовите на кралското семејство, се чини дека војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон и Меган Маркл, наводно, се поблиски од кога било. Според извор близок до кралското семејство, кој разговарал со „Ас викли“, војвотките размислуваат за соработка на Нетфликс проект.

„Меган и Кејт всушност многу добро се согласуваат и често контактирааат. Меган разговараше со неа за соработка на проект за Нетфликс, т.е. документарен филм кој ќе ја истакне добротворната работа на Кејт и огромното влијание што го остави со нејзината филантропија”, рекол изворот.

Наводно, Кејт е воодушевена и поласкана од понудата на Меган и верува дека тоа е чекор во вистинската насока кон градење посилни односи со нејзината „јатрва“.

Принцот Хари и Меган лани потпишаа договор со Нетфликс кој вклучува содржина како документарци, филмови и емисии за деца, но и повозрасни.