Кејт Мидлтон доаѓа во финалето на Вимблдон: Пехарот ќе им го додели на Ѓоковиќ или Алкараз
Принцезата Кејт Мидлтон ќе присуствува на финалето на Вимблдон во недела и ќе го додели трофејот на победникот, потврдија од Кенсингтонската палата.
Претходно се разговараше дали принцезата Кејт ќе успее да ја заврши задачата, а се зависеше од нејзиното здравје. Во јавноста протече и кој потенцијално ќе ја замени принцезата. Тоа требаше да биде војвотката од Глостер, Брижит.
Деновиве на Вимблдон се појавија и родителите на принцезата Кејт, Керол и Мајкл Мидлтон, но нивната ќерка не беше со нив. Таа е љубител на тенисот, сака да го игра и оди на секој Вимблдон од 2011 година, односно откако се омажи за принцот Вилијам.
Во недела во финалето ќе играат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз. Финалето е закажано за 15 часот.
За потсетување, Кејт Мидлтон пред неколку месеци објави дека боледува од рак, а кон средината на јуни се појави во јавноста за прв пат по Божиќ.
Потоа дошла во Trooping the Color со останатите членови на семејството и се појавила на познатиот балкон на Бакингемската палата, а јавноста едвај чекала повторно да се појави принцезата.