Кејт и Вилијам тивко одмараа со децата во Корнвол


Англија– Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ги поминаа последните три недели целосно надвор од мрежата, откако се појавија на нивниот последен ангажман, финалето на Евро 2020, на 11 јули. Каде беа во светот? „Хелоу“ откри дека двојката всушност тивко одморала со своите деца принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис. Овој пат не отидоа во странство. Поминале време на Островите Сили во Корнвол.

Кејт, Вилијам и децата отидоа таму и минатата година, примети магазинот. Семејството е видено како вози велосипед на островот Треско, единствениот од петте населени острови, кој е во приватна сопственост. Оваа година,„Хелоу“ не прецизираше на кој од островите останаа војводата и војвотката од Кембриџ или колку долго беше нивното патување.

До островите Сили се стигнува преку воздух (со авион или хеликоптер) и траект. Од палатата Кенсингтон, каде што е официјалната резиденција на двојката, до фериботската станица, терминал Пензанс, тоа е пет часа и 16 минути возење, за чувство колку далеку се островите од Лондон. Исто така, можно е да стигнете до островот со приватен авион или јахта, вели туристичката страница на Островите на Сили.

Островите Сили во 1975 година биле прогласени за регија на природни убавини. Ова прогласување важи за целиот архипелаг и во него се вклучени и населените острови и малите гребенести островчиња и карпи кои се и најмали во Велика Британија. Островите се познати по својата разновидна фауна, а посебно поради бројноста и разновидноста на популацијата на птици.

Овие острови се посебно познати меѓу љубителите на птиците, кои можат овде да ги набљудуваат ретките птици од сите делови на планетата. Месецот октомври е пикот кога овде можат да се сретнат некои од најретките видови на птици во Европа.