Казнети околу 150 возачи во Скопје


Фото: Б. Грданоски

На подрачјето на Град Скопје вчера полицијата по разни основи санкционирала околу 150 возачи на автомобили и на мотори, соопшти МВР.

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во период од 06:00 до 24:00 часот санкционирало пет возачи кои ја пречекориле брзината, а откриени се и 48 останати прекршоци за кои се издадени 23 мандатни платни налози и 25 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај ноќеска во времето од 22:00 до 04:00 часот спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи што управуваат моторно возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 24 возачи, а откриени се 22 останати прекршоци за кои се издадени 10 мандатни платни налози и 12 прекршочни платни налози.

Исто така, Одделението за безбедност на патниот сообраќај на вчера во период од 11:00 до 22:00 часот санкционира и пет возачи на мотори, а откриени се 45 останати прекршоци за кои се издадени 21 мандатни платни налози и 24 прекршочни платни налози.