Кавга за скијањето во Европа, Бугарија не ги дава Банско и Боровец

Канцеларката Меркел сака скијачките центри во Европа засега да останат затворени поради корона-кризата. Австрија и Швајцарија се бунтуваат, а и Бугарија не е подготвена на такво нешто

Топовите за снег во регионот на Алпите работат забрзано, компаниите кои управуваат со скијачките лифтови, хотелите и гастрономијата се подготвуваат за скијачката сезона, но дали и кога ќе пристигнат гости е големо прашање во оваа зима, во која владее корона. Германската канцеларка Ангела Меркел се заложи за затворање на сите скијачки региони во Европа. „Ќе направиме напор во Европа за договор околу затворање на сите скијачки центри“, рече канцеларката во Бундестагот. „Но, ако се земат предвид изјавите од Австрија, за жал не изгледа дека тоа и ќе ни успее толку едноставно. Но, ќе се обидеме уште еднаш“, рече Меркел.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте, најверојатно во договор со канцеларката, беше првиот кој предложи скијачките центри поради пандемијата да останат затворени до 10 јануари. Со тоа предизвика кавга. 

Линк до текстот на Дојче веле тука